OTW е фановска организација. Зошто не се објавуваат јавно фановските идентитети на кандидатите?

Иако голем број на луѓе се согласуваат со тоа нивните фановски идентитети да се поврзани со нивните легални идентитети, тоа не е случај за сите, од разни причини. Политиката на OTW (Организација за трансформативни дела) ја става таа одлука во рацете на кандидатите; тие можат да одлучат колку сакаат да споделат за нивните фановски идентитети. Ова важи и за време на и по изборниот процес, и за кандидатите кои ќе бидат избрани и за оние кои нема да бидат избрани.

Дали моето легално име и фановски идентитет ќе бидат поврзани?

Само ако одлучите да бидат, на пр. со тоа што ќе го спомнете Вашиот фановски идентитет во биографијата која ќе ја поднесете како дел од изборниот процес. Персоналот и документацијата на OTW (Организација за трансформативни дела) ќе Ви се обраќаат само со Вашето легално име.

Зошто морам да го користам моето легално име?

Затоа што членовите на Управниот одбор се легално одговорни за OTW (Организација за трансформативни дела) и нејзините финансии, нивните постапки мора да бидат поврзани со нивните легални идентитети. Ова е дел од регулациите на Даночната служба на САД за инкорпорирани непрофитни организации, меѓу кои е и OTW.

Зошто морам да служам во комисија пред можам да се кандидирам?

Служењето во комисиите на организацијата ни помага да се осигураме дека кандидатот има одредено ниво на познавање на внатрешното работење на OTW (Организација за трансформативни дела), како и способност добро да соработува со други како онлајн волонтер. Тоа исто така покажува дека кандидатот покажал посветеност на OTW и нејзините вредности.