Гласањето преку полномошник значи назначување на некој друг да го уфрли Вашиот глас на изборите. OTW (Организација за транформативни дела) го дозволува ова според законите на Делавер. Обично овој чекор би го преземале доколу нема да имате пристап до интернет или ќе имате други обврски за време на целиот изборен период.
Доколку некој член не може да пристапи до пробното избирачко ливче, ако на пример користи постар софтвер или има проблеми со софтверот што не дозволува да пристапи кон пробното избирачко ливче, тогаш најверојатно ќе има проблем и со вистинското ливче и би требало да назначи заменик-гласач. Вие мора сами да назначите заменик-гласач. Комисијата за избори и OTW не назначуваат заменици-гласачи за членовите.
Полномоштвото се назначува преку е-пошта. Пораката со барањето за назначување на полномошник мора да ги исполнува следните услови:
- да биде пратена од адресата на е-пошта која сте ја користеле да донирате на OTW;
- да биде пратена и на [email protected] и на Вашиот полномошник;
- да го содржи Вашето легално име; и
- да содржи изјава дека сакате да го назначите примателот на пораката како Ваш полномошник.
Вашиот полномошник мора да одговори на таа порака, да го потврди приемот на пораката и да го наведе своето легално име во одговорот. [email protected] мора да го прими овој одговор најмалку две недели пред изборите. Доколку сакате да го промените или откажете полномоштвото, тоа можете да го сторите до крајниот рок. Официјалниот краен рок за назначување на полномошник ќе го вклучиме во временската рамка за изборите.
По завршувањето на крајниот рок, назначувањето на полномошник трае шест месеци. Сѐ додека не изминат тие шест месеци не можеме да го откажеме или смениме вашето полномоштво. Доколку Вие сте нечиј полномошник, не можете да го предадете гласот на друг.