Зошто не можам да станам член со тоа што ќе го донирам моето време на OTW?

Како легално признаена непрофитна организација, имаме обврска да се осигураме дека секој глас доаѓа од посебна, легално признаена личност. Најлесниот начин да го постигнеме тоа е преку поврзување на статусот на членство со донации направени преку банкарска сметка или кредитна картичка, односно методот на плаќање со кој се потврдува идентитетот. Поради овој принцип донациите во готовина или со паричен налог не носат членство.