Комисијата за избори на OTW со задоволство Ве известува дека ја објавивме временската рамка за изборите за нови членови на Управниот одбор во 2022 година!
Оваа година изборите ќе се одржат од 12-15 август. Тоа значи дека крајниот рок за членовите на персоналот да ја објават својата кандидатура е 17 јуни.
Како и обично, крајниот рок за членство е 30 јуни. Доколку сакате да гласате, Ве молиме осигурајте се дека Вашето членство е активно на тој датум. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?) Read More