Комисијата за избори би сакала да им се заблагодари на сите кандидати за нивната напорна работа на овогодинешните избори. Воедно, со задоволство ги претставуваме резултатите од изборите за 2022.
Следните кандидати (по азбучен ред) се официјално избрани за членови на Управниот одбор:
- Хедер Мекгвајер
- Наталија Грубер
Како што беше претходно соопштено, Управниот одбор со жалење објаува дека Е. Ана Сегеди, избрана во 2021, ја отстапи својата позиција на Одборот пред изборите во 2022 година. Благодарни сме за службата на Ана и ѝ се заблагодаруваме за работата и посветеноста.
За да го пополни празното место, кандидатот кој заврши на третото место на изборите, Мишел Шредер, ќе се приклучи на Управниот одбор и ќе го отслужи остатоткот од мандатот на Е. Ана Сегеди (2 години) почнувајќи од 1 октомври. Ова ќе загарантира дека ќе имаме целосен Управен одбор до следните избори.
Промената на Управниот одбор формално ќе почне на 1 октомври. На новите членови на Управниот одбор им посакуваме сѐ најдобро во тек на нивните мандати.
Со тоа изборната сезона завршува. Им благодариме на сите кои учествуваа со тоа што ширеа информации за изборите, им поставуваа прашања на кандидатите и, секако, гласаа! Се надеваме дека ќе Ве видиме повторно следната година.
OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.