Ги започнавме изборите!
Секој член на OTW (Организација за трансформативни дела) кој се приклучил помеѓу 1 јули 2021 и 30 јуни 2022 би требало досега да има гласачко ливче. Доколку не сте го добиле, најпрво проверете ја спам-папката, а потоа контактирајте нѐ преку формуларот за контакт. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?)
Изборите ќе траат до 15 август 2022, 23:59 UTC; проверете го овој конвертер на временски зони да дознаете колку часот ќе биде тоа кај Вас.
Откако ќе гласате, може да навратите на Twitter и преку хештагот #OTWE2022 да ги запознаете и да разговарате со другите гласачи! Би ни било мило да слушнеме што мислите!
OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.