Што прави Управниот одбор

Што прават членовите на Управниот одбор?

Како група, обврските на Управниот одбор вклучуваат стратешко планирање и носење на одлуки во области како што се мисијата на OTW (Организација за трансформативни дела), годишниот буџет, проектите и приоритетите; одржување на долгорочниот фокус на организацијата; набљудување на напредокот во постигнувањето на стратешките цели; осигурување на правната усогласеност на организацијата; преземање на одговорност за постапките на организацијата; преземање на легална одговорност за организацијата и нејзините финансии со Даночната служба на САД и потпишување на договори, исплата на средства и склучување на деловни активности од разни видови.

Поединечно, од членовите на Одборот се очекува да присуствуваат на состаноци во форма на онлајн разговори; да се во тек со релевантните организациски комуникации и извештаи и да делуваат во најдобриот интерес на OTW.