Преглед
Се избираат само членовите на Управниот одбор. Управниот одбор е група на луѓе кои ја водат OTW (Организација за трансформативни дела). Се состои од три вршители (претседател, благајник и секретар), како и членови кои не се вршители. Кандидатите не се кандидираат за посебни функции, туку за седиште во Одборот, а членовите на Одборот заедно ги избираат вршителите од групата кога ќе им истечат мандатите (мандатите на вршителите се пократки од директорските).
Секоја година се избираат најмалку два директори (со избори на кои гласаат платените членови на OTW) кои моментално служат тригодишни мандати.
Како група, нивните обврски ги вклучуваат стратешкото планирање и носење на одлуки во области како што се мисијата на OTW (Организација за трансформативни дела), годишниот буџет, проектите и приоритетите; одржувањето на долгорочниот фокус на организацијата; набљудувањето на напредокот на постигнувањето на стратешките цели; осигурувањето на правната усогласеност на организацијата; преземањето на одговорност за постапките на организацијата; преземањето на легална одговорност за организацијата и нејзините финансии со Даночната служба на САД и потпишувањето на договори, исплата на средства и склучувањето на деловни активности од разни видови.
Поединечно, од членовите на Одборот се очекува да присуствуваат на состаноци во форма на онлајн разгoвори; да се во тек со релевантните организациски комуникации и извештаи и да делуваат во најдобриот интерес на OTW.
Ве молиме погледнете ја страницата Кандидирање за информации за критериумите.
Служењето во комисиите на организацијата ни помага да се осигураме дека кандидатот има одредено ниво на познавање на внатрешното работење на OTW (Организација за трансформативни дела), како и способност добро да соработува со други како онлајн волонтер. Тоа исто така покажува дека кандидатот покажал посветеност на OTW и нејзините вредности.
Затоа што членовите на Управниот одбор се легално одговорни за OTW (Организација за трансформативни дела) и нејзините финансии, нивните постапки мора да бидат поврзани со нивните легални идентитети. Ова е дел од регулациите на Даночната служба на САД за инкорпорирани непрофитни организации, меѓу кои е и OTW.
Само ако одлучите да бидат, на пр. со тоа што ќе го спомнете Вашиот фановски идентитет во биографијата која ќе ја поднесете како дел од изборниот процес. Персоналот и документацијата на OTW (Организација за трансформативни дела) ќе Ви се обраќаат само со Вашето легално име.
Се препорачува вршителите (претседател, благајник, секретар) да имаат искуство во Одборот пред да станат вршители. Освен тоа, не.
Иако голем број на луѓе се согласуваат со тоа нивните фановски идентитети да се поврзани со нивните легални идентитети, тоа не е случај за сите, од разни причини. Политиката на OTW (Организација за трансформативни дела) ја става таа одлука во рацете на кандидатите; тие можат да одлучат колку сакаат да споделат за нивните фановски идентитети. Ова важи и за време на и по изборниот процес, и за кандидатите кои ќе бидат избрани и за оние кои нема да бидат избрани.
Кандидатура
Осигурајте се дека ги исполнувате критериумите и дека сакате да се кандидирате под официјалното име. Контактирајте го претседателот на Избори со Вашето официјално име и изјава дека сте полнолетни. Ве молиме известете ја Комисијата за избори доколку служите под псевдоним и наведете дали сакате да го смените името при OTW (Организација за транформативи дела) во официјалното име пред кандидатурата или по изборите. Избори потоа ќе провери кај соодветните комисии дали ги исполнувате критериумите. Крајниот рок за објавување на кандидатурата е наведен во временската рамка за изборите.
Оспорени избори се случуваат кога има повеќе кандидати отколку што има слободни места на Одборот и гласачите одбираат кој ќе биде изгласан.
Неоспорени избори се случуваат кога бројот на слободни места на Одборот е еднаков на или поголем од бројот на кандидати. Секој кандидат е технички без конкуренција и автоматски ќе биде изгласан за Одборот според избирачкиот процес (без гласање, кое е непотребно). Сите останати слободни места ќе останат слободни до следните избори.
Да, ако не сте избрани, тогаш ќе можете да се кандидирате за следните избори, под претпоставката дека повторно ќе ги исполните критериумите.
Прво, ќе напишете биографија. Ова е краток пасус кој го опишува Вашето релевантно искуство – офлајн, во OTW (Организација за трансформативни дела) и во фандомите.
Понатаму, ќе одговорите на прашањата од Манифестот, кои се исти за сите кандидати.
Потоа, ќе учествувате во процесот на прашања и одговори. Прашањата ги поднесува јавноста.
Конечно, ќе присустувате на јавните онлајн разговори. Тие ќе ги организира Избори според Вашиот распоред.
За време на кампањите избегнувајте ја употреба на официјални логоа на OTW (Организација за трансформативни дела) (или слики што може да бидат погрешно сметани за официјални логоа на OTW), вклучително и логоа за индивидуални проекти како Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива). Може да ги реблогирате или ретвитувате официјалните соопштенија на OTW кои содржат вакви логоа, но Ве молиме не ги поврзувајте логоата со кампањи за одреден кандидат или кандидати. Ова е со цел да се избегне впечатокот дека OTW поддржува одреден кандидат или кандидати.
Гласање
Можете да станете член на OTW (Организација за трансформативни дела) со тоа што ќе донирате 10 USD или повеќе. Членството трае една година од датумот на донација. Со членството можете да гласате на едни избори на OTW. Доколку веќе сте член и повторно донирате 10 USD или повеќе, датумот на истекување на Вашето членство се поместува нанапред така што секогаш е една година по Вашата последна донација од 10 USD или повеќе. За да го видите гласачкиот период на квалификуваност за овогодинешните избори, погледнете ја временската рамка за изборите.
Ова може да се случи од неколку причини:
- Дали дониравте пред тековната изборна година? Доколку не сте сигурни, можете да ја контактирате нашата Комисија за развој и членство за да проверите. Само донациите направени во тек на актуелната изборна година Ве квалификуваат да гласате на изборите таа година.
- Дали сте ја откажале претплатата на е-пошта од OTW (Организација за трансформативни дела)? Доколку да, можете да пратите порака на е-пошта на devme[email protected] за повторно да Ве додадеме на листата.
- Дали е-поштата од OTW стигнува во Вашата спам папка? Доколку не сакате тоа да се случува, додадете го @transformativeworks.org на листата на контакти и доверливи испраќачи.
Доколку горенаведеното не се однесува на Вашата ситуација, контактирајте нѐ и ќе се обидеме да го решиме проблемот.
Како легално признаена непрофитна организација, имаме обврска да се осигураме дека секој глас доаѓа од посебна, легално признаена личност. Најлесниот начин да го постигнеме тоа е преку поврзување на статусот на членство со донации направени преку банкарска сметка или кредитна картичка, односно методот на плаќање со кој се потврдува идентитетот. Поради овој принцип донациите во готовина или со паричен налог не носат членство.
На членовите со право на глас — сите претплатени членови со добра репутација — ќе им пратиме инструкции на адресите на е-пошта со кои се приклучиле кон организацијата. Сите гласачки ливчиња се анонимни.
Гласовите ќе се бројат користејќи верзија на гласање со автоматски втор круг модифицирана за избори со повеќе победници. За подетално објаснение, Ве молиме погледнете ја страницата со информации за гласачкиот процес.
Целосните резултати ќе бидат објавени откако ќе заврши гласањето. Освен ако не наидеме на непредвидени потешкотии, резултатите ќе ги објавиме не повеќе од три дена по завршувањето на гласањето. Во случај на одложување, Комисијата за избори тековно ќе ажурира за причината и временската рамка за разрешување.
Во интерес на одржување на еднаквоста на сите членови на Управниот одбор, не го објавуваме рангирањето на кандидатите.
Гласање преку полномошник
Гласањето преку полномошник значи назначување на некој друг да го уфрли Вашиот глас на изборите. OTW (Организација за транформативни дела) го дозволува ова според законите на Делавер. Обично овој чекор би го преземале доколу нема да имате пристап до интернет или ќе имате други обврски за време на целиот изборен период.
Доколку некој член не може да пристапи до пробното избирачко ливче, ако на пример користи постар софтвер или има проблеми со софтверот што не дозволува да пристапи кон пробното избирачко ливче, тогаш најверојатно ќе има проблем и со вистинското ливче и би требало да назначи заменик-гласач. Вие мора сами да назначите заменик-гласач. Комисијата за избори и OTW не назначуваат заменици-гласачи за членовите.
Полномоштвото се назначува преку е-пошта. Пораката со барањето за назначување на полномошник мора да ги исполнува следните услови:
- да биде пратена од адресата на е-пошта која сте ја користеле да донирате на OTW;
- да биде пратена и на [email protected] и на Вашиот полномошник;
- да го содржи Вашето легално име; и
- да содржи изјава дека сакате да го назначите примателот на пораката како Ваш полномошник.
Вашиот полномошник мора да одговори на таа порака, да го потврди приемот на пораката и да го наведе своето легално име во одговорот. [email protected] мора да го прими овој одговор најмалку две недели пред изборите. Доколку сакате да го промените или откажете полномоштвото, тоа можете да го сторите до крајниот рок. Официјалниот краен рок за назначување на полномошник ќе го вклучиме во временската рамка за изборите.
По завршувањето на крајниот рок, назначувањето на полномошник трае шест месеци. Сѐ додека не изминат тие шест месеци не можеме да го откажеме или смениме вашето полномоштво. Доколку Вие сте нечиј полномошник, не можете да го предадете гласот на друг.
Дополнителни информации
Страницата за избори е најдобриот извор за сите информации околу изборите. Имаме делови за актуелни вести и историја, како и подетални категории подредени на страна.
Може да нѐ контактирате преку нашиот формулар за контакт. Секогаш сме спремни да помогнеме!