Очекувања за однесување за време на изборниот процес

Со цел да поттикне отворен, гостопримлив и позитивен изборен процес, Комисијата за избори ги замолува кандидатите, волонтерите и членовите да се придржуваат до следните едноставни правила за време на сите официјални изборни активности:

  • Да избегнуваат навреди, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на физички или психички инвалидности.
  • Да ја почитуваат родовата неутралност и/или претпочитаните заменки.
  • Да зборуваат за однесувањето/зборовите на кандидатите, а не за самата личност. На пример: „X не се осврна на проблематиката Y“ наместо „X е невнимателен/а кон другите“.
  • Да не ги користат алатките/пристапот на OTW (Организација за трансформативни дела) и да не бараат други да ги користат своите алатки/пристап за да малтретираат, следат, шпионираат или да му се закануваат на кој било волонтер, член или кандидат.
  • Да не се мешаат во кандидатурата на кој било кандидат над кој имаат моќ.
  • Да не откриваат ничиј идентитет. Тоа значи да не го поврзуваат фановскиот идентитет, името кое се користи во OTW и/или легалното име (или кое било дејство што може да се поврзе со овие имиња) без експлицитна дозвола од таа личност. Откивањето на туѓ идентитет ќе доведе до губење на правото на глас или, за кандидатите, отстранување од гласачкото ливче.
  • Да не поткупуваат никого со пари, фан-дела или што било друго. Поткупот исто така ќе доведе до губење на правото на глас или отстранување од гласачкото ливче.