Кандидирање за изборите на OTW

Ви благодариме за Вашиот интерес за кандидирање за Управниот одбор на OTW (Организација за трансформативни дела)! За информации за критериумите за кандидатура, Ве молиме посетете ја страницата Кандидирање. Подолу можете да најдете преглед на процесот за кандидатура.

Изборниот период почнува на крајот од периодот за објавување на кандидатурата, осум недели пред изборите, а се одвива сѐ до завршувањето на гласањето. Ги охрабруваме кандидатите да дискутираат за нивните програми, гледишта и визија со членството на OTW во било кој форум што ќе го изберат.

Кандидатите имаат обврска да достават кратка јавна изјава во која ја сумираат нивната филозофија, цели за организацијата и гледишта за идните директиви на организацијата. Оваа изјава ќе биде достапна на веб-страницата Избори на OTW.

По објавувањето на изјавата, јавноста ќе има можност да достави прашања до кандидатите. Кандидатите ќе одговорат на овие прашања, групирани по тема, на веб-страницата Избори на OTW

Кандидатите исто така ги охрабруваме да учествуваат во јавен разговор на форум обезбеден од OTW во заемно договорено време. Преписникот од тој разговор ќе биде достапен и на веб-страницата Избори на OTW.