Комисијата за избори е одговорна за одржувањето на изборите за Управниот одбор на OTW (Организација за трансформативни дела). Се формираше во средината на 2014 за да се поместат изборите надвор од надлежноста на Управниот одбор на OTW во одделна група, а нејзините членови се грижат за фер, навремен и доверлив изборен процес. Како тим, ги ажурираме процедурите, комуницираме со членовите на OTW и другите комисии, им помагаме на кандидатите да се подготват и да ги извршат своите задачи и ги одржуваме самите избори.
Иако сите членови на комисијата работат заедно да ја негуваат тимската атмосфера и да завршат конкретни проекти, нашите членови на персоналот исполнуваат пет специјализирани позиции. Тоа се:
Посредник со кандидатите
Посредниците со кандидатите се одговорни за поддржување на кандидатите на изборите. Тие работат директно со кандидатите за да ги водат низ објавата на кандидатурата и изборниот процес.
Специјалист за комуникација
Специјалистите за комуникација се главните писатели и уредници на комисијата. Тие ги подготвуваат јавните вести и интерни објави, а помагаат и во пишувањето и уредувањето на документацијата на комисијата.
Координатор на тимот
Координаторите на тимот се одговорни за сите административни и организациски задачи во комисијата. Тие ги осмислуваат процедурите, го водат регрутирањето, закажуваат состаноци, помагаат при создавањето на проектни планови и ја одржуваат документацијата на комисијата.
Архитект на гласачкиот процес
Архитектите на гласачкиот процес ги осмислуваат и одржуваат нашите процедури и софтвер за гласање. Тие ги создаваат, ажурираат и потврдуваат изборните процедури на комисијата за да го минимизираат ризикот од недозволени манипулации. Тие исто така ја советуваат комисијата за најдобрите стратегии за зачувување на приватноста на гласачите и кандидатите и интегритетот на гласачкиот процес.
Кандидат за претседател
Кандидатите за претседателска позиција се фокусираат на тоа да ги научат сите аспекти на активностите на комисијата како подготовка за можноста да станат претседатели. Тие ја следат работата на останатите членови во текот на шест месеци за да се запознаат со сите улоги и притоа им помагаат да ги завршат своите задачи.
Доколку сакате да дознаете повеќе или сте заинтересирани да ни се приклучите, контактирајте нѐ тука!