Гласање на изборите на OTW

За да гласате на изборите за членови на Управниот одбор на OTW (Организација за трансформативни дела), мора да бидете членови со платено членство на OTW до 30 јуни во изборната година. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни на сметката, нема да можете да гласате.

Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?)
Проверете ја временската рамка за да ги видите другите значајни датуми.

Морате да имате донирано со личен чек, кредитна картичка или PayPal сметка која Ви припаѓа Вам. За потребите на членството, мораме да можеме да ја поврземе Вашата уплата со банкарска сметка или кредитна картичка за да потврдиме дека сте вистинска личност и поединец кога ги одржуваме изборите.

Приклучете се на OTW и здобијте се со право на глас!

Откако ќе се осигурате дека имате право да гласате, Ве молиме прочитајте ги инструкциите за гласање.

Следните дејства ќе бидат причина за исклучување на гласачот во годината во која се случило дејството:

  • Нудење на каков било поттик за гласот (од паричен или друг тип, вклучително и фановски креативни дела).
  • Откривање на псевдонимот на кој било кандидат или поврзување на легалното и фановското име на кој било член или волонтер на OTW без дозвола.