Временскa рамка за изборите во 2022 година

Ова е официјалната временска рамка за изборите во 2022 година. Некои изборните настани, како што се периодот за прашања и одговори и онлајн разговорите со кандидатите, ќе бидат достапни само на англиски. Доколку сакате повеќе информации за нив, Ве молиме погледнете ја англиската верзија од оваа временска рамка со тоа што ќе кликнете на “English” во листата на јазици на левата страна од оваа страница.

17 јуни

  • Краен рок за кандидатура е 23:59 според UTC. Кандидатите исто така мора да станат членови на OTW (Организација за трансформативни дела) до ова време.
  • Краен рок за поднесување на биографиите и програмите до Комисијата за избори е 23:59 според UTC. Доколку изјавите се преведуваат, оние кои ќе стигнат подоцна ќе се преведат последни.

19 јуни

  • Јавно се објавуваат кандидатите, како и нивните биографии и програми.

30 јуни

  • Краен рок да се зачлените за да можете да гласате на претстојните избори.
  • Секој кој ќе стане член помеѓу 1 јули 2021 и 30 јуни 2022 според UTC, вклучувајќи ги и двата датуми, ќе има право да гласа на овие избори. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?)

23 јули

  • Инструкциите за гласање им се испраќаат на гласачите по е-пошта.

2 август

  • Краен рок да ја контактирате Комисијата за избори со барање за назначување на полномошник доколку нема да имате пристап до е-пошта за време на целиот изборен период.

12-15 август

  • Изборите се одржуваат од петок 00:01 според UTC до понеделник 23:59 според UTC.

16 август

  • Се објавуваат резултатите од изборите.

23 август

  • Краен рок за барање на пребројување на гласовите.

1 октомври

  • Почнува замената на Управниот одбор.

Можете да ги најдете временските рамки за претходните години на страницата Историја.