Временска рамка за изборите на OTW и краен рок за членство за 2022 година

Комисијата за избори на OTW со задоволство Ве известува дека ја објавивме временската рамка за изборите за нови членови на Управниот одбор во 2022 година!

Оваа година изборите ќе се одржат од 12-15 август. Тоа значи дека крајниот рок за членовите на персоналот да ја објават својата кандидатура е 17 јуни.

Како и обично, крајниот рок за членство е 30 јуни. Доколку сакате да гласате, Ве молиме осигурајте се дека Вашето членство е активно на тој датум. Ве молиме имајте на ум дека Вашата сметка за донација ќе биде со датум според американско источно време, па така ако Вашата донација е запишана по 19:59 на 30 јуни 2022 на сметката, нема да можете да гласате. Ако не сте сигурни дали Вашата донација е остварена пред крајниот рок, Ве молиме контактирајте ја нашата Комисија за Развој и членство преку формуларот за контакт и изберете „Is my membership current/Am I eligible to vote?” (Дали моето членство активно/Дали можам да гласам?)

Можете да дознаете како да станете член на веб-страницата на Избори, или ако сте запознаени со процесот можете да донирате тука!

Доколку сакате да дознаете повеќе за изборниот процес, можете да ги погледнете изборните правила.

Очекуваме активна изборна сезона со обемна комуникација помеѓу кандидатите и гласачите и се надеваме дека ќе бидете дел од тоа. Не заборавајте да ја следите Комисијата за избори на Twitter за да бидете во тек со најновите вести!

Доколу имате прашања или коментари, не се двоумете да ги контактирате Избори.


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.